Панатинакос оди на одбрана на титулата во Евролигата: Доби големо засилување

Панатинаикос блесна во неодамна завршената сезона, освојувајќи ја Евролигата и грчкото првенство, но сопственикот Димитрис Јанакопулос и тренерот Ергин Атаман штотуку почнаа и подготвуваат уште посилен тим за следната сезона, кој ќе може да ги брани овие трофеи.

Поранешниот плејмејкер на Макаби, Лоренцо Браун (33) неодамна слета во Атина, каде наскоро ќе ги мине лекарските прегледи, а доколку ги помине успешно, ќе потпише договор со европскиот шампион.

Браун во кратката изјава на аеродромот рече дека е воодушевен од тренерот Атаман и проектот Панатинаикос и дека дошол во Атина за да ја освои Евролигата.

Овој кошаркар се проби во Европа играјќи за Црвена Звезда во сезоната 2019/2020. Подоцна во последните две сезони играше за Фенербахче, Уникс и Макаби. 

Се вчитува...