Панчев даде гол, Најдовски го крена пехарот – јубилеј од светската круна на Црвена звезда (видео)

На денешен ден пред 27 години Црвена звезда предводена од капитенот Илија Најдовски се закити со титулата светски клупски првак, најголем успех во фудбалската историја на поранешна Југославија.

Оние повозрасните добро се сеќаваат, мечот се играше во Токио, ривал беше Коло Коло, но „црвено-белите“ во ниту еден момент не му дозволија на чилеанскиот клуб да се понадева на победа. Владимир Југовиќ беше човекот на одлука со два гола за водство од 2-0, пред Дарко Панчев да ги постави конечните 3-0.

Пехарот прв го крена Македонецот Илија Најдовски, кој беше капитен на Црвена звезда на тој историски натпревар.

Се вчитува...