Панчев ги собра, како никој друг, легендите на Вардар и Црвена Звезда: Пикси, Дејо, Цапар, Илија, Вујо, Мето, Бошко, Рингов на едно место! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
„За мене е секако чест и задоволство што кариерата ќе и биде претставена и на ваков начин на филмско платно. Ми беше задоволство да соработувам со продуцентите на филмот, и се надевам дека ќе и се допадне на целокупната македонска и балканска јавност. Искрено, може да направите се што сакате, но документарец се прави само ако имате што да прикажете и кажете во него. Овој документарец секако дека е круна на се што се случи во мојата кариера. Исто така се работи и на моја автобиографска книга. Драго ми е што луѓето се сетија да ја искористат целата моја богата кариера и да направат еден интересен филм“ – истакна Панчев на прес-конференцијата при промоцијата на документарниот филм.
Филмот беше изработен под генерално покровителство на Универзитетот за туризам и менаџмент, сега со ново име Универзитет Скопје. Документарецот е соорганизација и копродукција на Спорт клуб телевизија, Спортско радио 90,3 и Спорт нетворк продукција.
Филмот, преку гостувања на истакнати спортски и јавни личности, како и на самиот Панчев, ја раскажува неговата животна приказна на фудбалските терени, до врвот на светскиот фудбалски трон.