Панчев пред Данска: Нема што да загубиме во Копенхаген, можеме да изненадиме како во Палермо

Легендарниот македонски фудбалер Дарко Панчев, пред натпреварот на нашата репрезентација против Данска во Копенахген во рамките од баражот за пласман на Светското првенство, истакна надеж дека ќе се повтори Палермо од пред четири години, кога нашата репрезентација направи чудо и ја елиминираше Италија во баражот за пласман на Светското првенство.

Панчев во интервју за „Flashscore“ истакна дека Македонија не смее да се откаже онапред и покрај тоа што фаворитската улога ја има Данска.

„Секогаш постои шанса, играчите мора да веруваат во себе и да се обидат да го дадат максимумот. Данска е фаворит, но тоа носи и притисок, а ние нема што да загубиме. Ако одиграме храбро, може да ги изненадиме, како што се случи во Палермо“, изјави Панчев.

Легендарниот фудбалер смета дека ако се мине Данска, Ирска би бил идеален противник за финалниот бараж.

Исто така ја коментираше и селекторската смена, односно Седлоски на месотот на Милевски.

„Времето ќе покаже дали оваа промена е позитивна или негативна. Не би сакал да давам заклучоци, и би оставил сите да си ја работат својата работа. Јас лично кога би бил, не би променил Милевски пред ваков бараж, и би го оставил да ја одработи работата. Но, ајде да видиме што ќе се случува“, рече Панчев.

Се вчитува...