Најголемото фудбалско име во историјата на Македонија, Дарко Панчев вечерва ја посети фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година која се подготвува за дуелот против Молдавија кој во петок ќе се одигра во Скопје.
Панчев му даде поддршка на својот поранешен колега, Драги Канатларовски кој ја предводи оваа репрезентација, но и на нашите надежи кои во иднина ќе треба да го носат и дресот на А-репрезентацијата.
Младите играчи не го криеја воодушевувањето од посетата на македонската “Кобра”, а легендата на македонскиот и европски фудбал пак јасно потенцираше дека секогаш со задоволство е тука со поддршка за најмладите.
„Мора секогаш да пружиме поддршка за најмладите наши генерации. Само така ќе им докажеме дека внимаваме на нив, важно е секогаш да чувствуваат овие млади момчиња дека македонската јавност е со нив“, истакна Дарко Панчев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА