Панчев: Срамот во Манчестер се случи поради пореметената атмосфера што ја имаше во репрезентацијата, која сега мислам се среди…(ВИДЕО)

Најголемото македонско име во историјата, Дарко Панчев во интервју за Фудбалската федерација на Македонија говореше за тоа како го доживува фудбалот во текот на времето, од неговите играчки денови до она што го гледаме денеска.

Дарко Панчев дава мислење и ја анализира актуелната македонска репрезентација. Отворено зборува за селекторот Милевски, но праќа порака и за Елиф Елмас и останатите македонски фудбалери.

Македонската легенда се осврнува и на состојбите во националниот тим пред јунските натпревари и потоа компарирајќи со двата натпревари во септември кои беа одиграни одлично откако се смири атмосферата и во соблекувалната.

Во интервјуто со Панчев ќе слушнете мислење и за ФФМ и раководството на федерацијата, освртувајќи се и на првиот македонски натпревар во 1993 година во Крањ. Македонија оваа година слави точно 30 години од првиот репрезентативен меч во Крањ.

Се вчитува...