Панчев, Станојковиќ и онаа Југославија на Ивица Осим будат силни спомени за еден Финец

Јуха Таминен е денеска еден од најпознатите фоторепортери од Финска со бројни награди зад себе. Но, финската спортска јавност вистински ја изненади неговото признание дека негов најомилен спортски колектив откако професионално го прати спортот е фудбалската репрезентација на поранешна СФРЈ.

Таминен се потсетува на тој 23. септември 1989 година кога, тогаш како 19-годишно момче, посакал само една фотографија од репрезентацијата, како што вели, преполна ѕвезди.

„Југославија повеќе не постои, но јас со драго срце секогаш се сеќавам на таа земја и таа фудбалска репрезентација. Југославија и Финска играа пријателски натпревар против Финска во Куопи. Пред да почне натпреварот потрчав кон центарот и само викнав кон Дејан Савичевиќ дали може една фотографија. Без изненаден како сите тие ѕвезди тогаш Савичевиќ, Панчев, Просинечки, Драган Стојковиќ… веднаш дојдоа и застанаа пред мене, онака голобрадо момче. Бев воодушевен колку беа скромни и потоа со мене, и пријатни. Таа ми е најдрага фотографија откако паметам“ – вели Јуха Таминен.

А, на тој дуел во Финска од македонските легенди, покрај Дарко Панчев настапи и Вујадин Станојковиќ. Во тимот кој го предводеше Ивица Осим беа и Фахрудин Омеровиќ, Зоран Вулиќ, Брновиќ, Предраг Спасиќ, Драган Стојковиќ, Роберт Просинечки, Дејан Савичевиќ…

Стрелци за Југославија беа Дарко Панчев и Дејан Савичевиќ.

Се вчитува...