Дарко Панчев, легендата на Вардар и на македонскиот фудбал, од денеска е именуван за нов спортски директор на најтрофејниот клуб. Тој веднаш го истакна и својот став, каков Вардар посакува и за што ќе се залага со својата работа во наредниот период.
„Знам дека желбата на навивачите е да има подобри резултати на меѓународен план. На домашна сцена работите течат добро, но мора подобри резултати на европска сцена. Наредниве денови ќе имам средба и со тренерот Гоце Седлоски да видам и околу неговите визии, размислувања, се во насока на подобрување на работите во тимот. Вардар мора во првенството да биде надмоќен клуб, а во исто време клубот во иднина што повеќе да промовира млади фудбалери“, изјави Дарко Панчев на прес – конференцијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА