Пандев беше стартер, Џенова се спаси против Сасуоло

Џенова по голема битка успеа да се спаси од пораз на домашен терен против Сасуоло, ремизирајќи 2-2 на мечот што Пандев и соиграчите го почнаа со негатива од 0-2. Тренерот Балардини му даде шанса на Пандев од првата минута, но Сасуоло беше тимот што доминираше на оваа средба, рано поведувајќи со 0-2.

Дестро намалина 1-2, а истиот фудбалер пред крајот на полувремето постигна и втор гол, што беше поништен со ВАР. Пандев го напушти теренот во 76. минута, за Џенова да се спаси во 91. минута кога Васкез најдобро се снајде по корнерот од десната страна и го матираше гостинскиот голман.

Аталанта рутински славеше на гостувањето против Емполи со 1-4, меч на кој брилијантен беше Јосип Иличиќ, постигнувајќи два рани гола за водство од 0-2. Домаќините само за момент се вратија, но Аталанта постигна уште два погодоци во второто полувреме (автогол на Вити и гол на Запата).

Удинезе и Болоња ремизираа 1-1 на мечот што домаќините повеќе од едно полувреме го играа со играч помалку, по црвениот картон на Переира. „Болоњезите“ први поведоа преку Бароу во 67. минута, додека бод за „фриулијаните“ спаси Бето со голот постигнат на седум минути до крајот на овој меч.

Се вчитува...