Македонскиот фудбалски репрезентативец Горан Пандев со Џенова обезбеди опстанок во Серија А. Во последното коло, Џенова одигра без голови на гости против Фирентина, а голема работа заврши и неговиот поранешен клуб Интер, кој го победи Емполи со 2-1, испраќајќи го во Серија Б.
„Го заслуживме опстанокот. Беше навистина тешка сезона за нас, но успеавме да ја оствариме целта. Му благодариме и на Интер, кој го победи Емполи. Им посакувам се најдобро во Лигата на шампионите“, изјави Горан Пандев за италијанските медиуми.
Џенова на крајот на првенството во Серија А заврши на 17.позиција со 38 бода, идентично како и тимот на Емполи, кој сепак ќе мора да се пресели ранг подолу во италијанскиот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА