Пандев до тифозите на Интер: Благодарам за љубовта…

Горан Пандев не остана рамнодушен на фантастичниот дочек од навивачите на Интер, кои со стоечки овации го испратија нашиот ас кога го напушташе теренот за време на вчерашниот меч на „Џузепе Меаца„. „Нероаѕурите“ имаат голема почит за Македонецот кој беше дел од славната генерација што ја освои тројната круна, a по вчерашниот меч се огласи и Пандев, кој преку својот инстаграм-профил се заблагодари за аплаузите.

Жал ми е за поразот, но уште еднаш сакам да им се заблагодарам на навивачите на Интер за љубовта и топлото добредојде. Иако е поминато долго време, тие секогаш допираат во срцето“, напиша Пандев.

Се вчитува...