Пандев доби нови „газди“ – Американци ја купија Џенова

Италијанскиот калчолигаш Џенова доби нови сосптвеници, откако досегашниот сопственик Енрико Прециози ја продаде на американскиот инвестициски фонд „777 партнерс“. Прециози преку клупскиот сајт ја потврди оваа информација.

„Дојде време да ја подадам раката на новите сопственици. Отсекогаш велев дека ќе ја оставам Џенова само на силен и сигурен сопственик. По долги преговори решив да ја оставам во рацете на „777 Partners“. Тие сега ќе ја имаат привилегијата да го предводат најстариот клуб во Италија, им посакувам се најдобро и не се сомневам дека ќе се грижат добро за клубот. Секогаш ќе останам навивач на Џенова“, изјави Енрико Прециози.

 

 

Се вчитува...