Џенова конечно јазаврши потрагата по нов тренер именувајќи го Александер Блесин за шеф на стручниот штаб како наследник на Андриј Шевченко на оваа функција.
Тимот на Горан Пандев беше блиску до договор со Бруно Лабадија, но откако тој ја одби Џенова експресно беше постигнат договор со Блесин. Станува збор за германски стручњак што пристигнува од клупата на белгикиот прволигаш Остенде, откако Џенова ја активираше клаузулата за негово заминување од Белгија. Блесин (48 години) пред Остенде има работено во младинските категории на Лајпциг.
Германецот е трет тренер на Џенова од стартот на сезонава, по Давиде Балардини и Андриј Шевченко.
Џенова моментно е претпоследна на табелата во италијанскиот шампионат со 12 освоени бода по 22 одиграни кола, шест бода негатива во однос на Венеција на 17. позиција која значи опстанок во елитата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА