Легендарниот македонски фудбалер Горан Пандев, беше гостин во емисијата „Моите топ 11“, на кои ги одбра 11 играчи со кои има играно заедно во репрезентацијата и во клубовите.
Имињат асе навистина за изненадување, особено ако се има во предвид дека Пандев го одбра Ванчо Костов, а од плеадата на играчи со кои има играно, го одбра и Томазо Роки и Лука Коти. Исто така го одбра и Милан Рапаиќ, поради тоа што му помогнал во времето на Анкона.
За најдобар тренер го прогласи Жозе Мурињо.
НАЈДОБРИТЕ 11 СПОРЕД ПАНДЕВ
ГОЛМАН: Џанлуиџи Буфон (Парма),
ОДБРАНА: Стефан Ристовски (Македонија), Валтер Самуел (Интер), Ванчо Костов (Беласица),
СР. РЕД: Марек Хамшик (Наполи), Дејан Станковиќ (Интер), Милан Бадељ (Џенова), Весли Снајдер (Галатасарај),
НАПАД: Лука Коти (Специја), Милан Рапаиќ (Анкона), Томазо Роки (Лацио).
ТРЕНЕР: Жозе Мурињо (Интер)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА