Директорот на националните селекции Горан Пандев, смета дека Гоце Седлоски е вистинскиот избор да го наследи Боби Милевски на кормилото на репрезентацијата.
Пандев му се заблагодари на Милевски за досегашниот придонес, и сега очекува со Седлоски репрезентацијата да има подобри резултати.
„Најпрво сакам да му го честитам на Гоце Седлоски именувањето на нов селектор и да му се заблагодаам на Боби Милевски за се што направи за македонскиот фудбал. Седлоски го знам многу години, сме играле заедно, го знам како човек и како карактер, и мислам дека е вистинскиот избор за селектор на репрезентацијата. Човек кој многу дал за нашата селекција како играч и како тренер каде работел“, изјави Пандев.
Пандев уште еднаш додаде дека оваа генерација е најдобра за Македонија, и дека очекува против Данска сите да дадат се од себе во сите 90 минути на тој натпревар.
„Мора да веруваме во успех против Данска. Многу пати сум кажал дека ова е најдобрата генерација која ја имала Македонија, и тоа го гледаме на последните натпревари. Да не се залажуваме, не сме фаворити, но сите 90 минути ќе дадат се од себе, па дај Боже сите заедно да се радувме“, кажа Пандев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

