Џенова заминува од „Олимпико“ со голема победа против тимот на Лацио (1-2), комплетирајќи го 23. коло во Серија А. Резултатот го отвори токму екс-фудбалерот на Лацио, капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев во 55. минута од средбата, постигнувајќи го вториот негов погодок за Џеноа оваа сезона.
Сепак, радоста за гостите траеше кратко, бидејќи четири минути подоцна Марко Пароло го изедначи резултатот на 1-1. Во 80. минута од средбата Џенова стигна и до втор погодок преку Диего Лаксалт, но веднаш беше поништен откако крилото на гостите се најде во недозволена позиција. Истиот фудбалер овој пат ја затресе мрежата во последните минути од средбата, поставувајќи ги конечните 1-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА