Пандев: Италија ќе биде поопасна со нов селектор, многу ми се допаѓа Миовски…

Македонија ќе се сретне со Италија во квалификациите за ЕП 2024, а пред ваквите натпревари вообичаено во центарот на вниманието се наоѓа Горан Пандев, екс-капитенот на нашиот национален тим кој речиси целата кариера ја мина на Апенинскиот полуостров.

Пандев смета дека Италија ќе добие на квалитет и на енергија во играта по селекторската смена, особено што мечот во Скопје ќе биде прв за „аѕурите“ под водство на новиот селектор Лучијано Спалети.

„Манчини оствари врвни резултати, но некогаш е подобро да се направи рестарт и на тој начин дополнително да се стимулираат играчите. Италија ќе биде поопасна со новиот селектор, Спалети ми се чини како вистинскиот човек за функцијата. Го познавам, тој е добар човек, под негово водство Наполи играше одличен фудбал“, изјави Горан Пандев за италијанските медиуми.

Легендарниот голгетер потоа се осрвна и на потенцијалот на македоснкиот национален тим.

„Барди, кој сега е во Трабзонспор, ќе биде капитен. Елмас знае да блесне, добро го познавате. Многу ми се допаѓа Миовски, кој одлично играа во Шкотска. Тука е и Трајковски, кој за жал се уште е без клуб и надвор од тренажен процес“, прокоментира Пандев.

Се вчитува...