Академија Пандев и нивниот сопственик Горан Пандев, продолжуваат да ги освојуваат фудбалските школи низ Македонија. Стигнаа и до главниот град, каде веќе имаат под своја капа неколку фудбалски школи. Од денеска, и школата на браќата Грозданоски е во нивното семејство.
Горан Пандев откако го промовираше новото лого и спортската опрема на сениорскиот тим на Академија Пандев, клубот за кој првпат ќе се натпреварува во Првата лига, ја продолжи својата мисија и во неколку фудбалски школи, каде подели автограми на младите фудбалерчиња, промовирајќи ја соработката со неговиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА