Новиот тренер на Џенова, Андреј Шевченко има проблеми со составувањето на тимот на своето деби против Рома како предводник на тимот. Така ќе мора да бара решение особено во нападот каде ќе ги нема Матија Дестро и Фелипе Каиседо. Се очекува Украинецот да стартува со двојка во нападот, па така веројатно ќе му даде шанса на Горан Пандев кој би играл во тандем со младиот Бјанки, пишуваат италијанските медиуми.
Сепак, според последните најави, се размислува дури и за смена на формацијата во 4-3-3, но и тука Пандев би бил во комбинација како стартер.
Украинскиот тренер има уште малку време да ја донесе конечната одлука, но голема е веројатноста на своето деби да тргне со Пандев од првата минута.
Дуелот Џенова – Рома се игра во недела во 20:45 часот. Тоа ќе биде и средба на старите познаници Пандев од една страна и Мурињо од друга страна. Двајцата имаа успешна соработка во Интер, кој во 2010 година дојде до тројна круна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА