„Пандев ќе јаде ќотек ако го спомне зборот пензија“

Тренерот Давиде Балардини беше горд на најновата победа на Џенова, овојпат над составот на Наполи. Очекувано, во фокусот на вниманието се најде Горан Пандев, кој со два гола беше најзаслужен за триумфот, покажувајќи дека и на 37 години е вистинска напаст за противничките дефанзивци.

Токму затоа, Балардини се надева дека ќе го убеди Пандев да продолжи со играње и по завршувањето на оваа сезона.

„Да го имаш Пандев во тимот е голема чест, тој е играч со карактер, што на тренерите им ја олеснува задача кога е крај вас. Ќе тераме заедно до крајот на сезонава, а потоа ќе видиме… Му имам кажано, не смее да се откаже, Пандев ќе јаде ќотек ако го спомне зборот пензија. Тој се плаши од мене“, на шега коментираше Балардини по завршувањето на натпреварот.

Се вчитува...