Пандев лут поради замената против Киево… Од клубот среќни: Неговата реакција е шампионска!

Горан Пандев не ја криеше лутината што беше заменет од тренерот Балардини само две минути откако го постигна вториот погодок во победата од 2-0 на Џенова против Киево.

Но, негативната реакција на македонскиот репрезентативец по замената беше очигледна и за италијанските медиуми кои по мечот се интересираа за ставот на Балардини и на раководството на клубот

„Да, точно е дека Пандев не ја прифати замената баш добро, излегувајќи од теренот многу лут. Но, јас лично сум среќен поради тоа затоа што Пандев и на тој начин покажува дека е голем шампион кој и на тие години сака да игра и помага за тимот. Драго ми е што е таков“ – изјави Балардини.

А воодушевен од тоа што Македонецот излегол гневен од теренот е и претседателот на Џенова, Енрико Прециози…

„Тоа е навистина позитивна работа. Замената беше очекувано и исправна при еден таков резултат. Но, добро е што го видов тоа од Пандев кој покажа дека кај него има уште сила и желба за да му помогне на тимот“ – рече Прециози.

Погодокот против Киево е втор за Горан Пандев во новата сезона од Серија А.

Се вчитува...