Пандев му донесе среќа на својот Интер (фото)

Горан Пандев беше специјален гостин на Интер за синоќешниот дуел со Бенфика, на кој „нероаѕурите“ успеаја да се пласираат во полуфиналето од Лигата на Шампионите.

Македонецот му донесе среќа на својот поранешен клуб, а на „Џузепе Меаца“ се сретна со екс-соиграчот Диего Милито, со кого заедно стигна до пехарот во ЛШ.

Посетата на фудбалскиот храм во Милано Пандев ја овековечи со заедничка фотографија со Милито и со Паласио, што беше објавена на официјалните клупски канали на Интер.

Се вчитува...