Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев, секогаш мисли на помладите фудбалери. Така беше и вечерва во Торино. Тој после натпреварот меѓу Јувентус и Џенова му го подари својот дрес со број „19“ на младиот Никола Секулов.
Секулов е кадетски репрезентативец на Македонија и член на „старата дама“, а подарокот од „Гранде Пандев“ секако ќе му биде голем стимул за да продолжи да напредува и да ги следи неговите чекори.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА