Пандев: Му посакувам на Елмас да ја освои и Лигата на Шампионите со Наполи

Горан Пандев се наоѓа во фокусот на вниманието на италијанската јавност, македонскиот ас беше специјален гостин на неделниот дуел меѓу неговите екс-клубови Интер и Лацио.

Во текот на денешниот ден Пандев гостуваше на Радио CRC, разговор во кој дискутираше за уште еден свој поранешен клуб, Наполи, кој се наоѓа пред промоција во нов првак на Италија.

„Наполи е силен тим, но најдоброто нешто е што сите во клубот се свесни колку се моќни, тоа им ја зголемува самодовербата дополнително и ги прави уште потешки ривали. Искрени честитки до претседателот, до директорот, но и до тренерот Спалети, кој покажа дека е одличен тренер, создавајќи тим што игра бепрекорен фудбал. Среќен сум и поради Елиф Елмас, му посакувам по ова скудето следната година да го крене и пехарот во Лигата на Шампионите со Наполи. Штета е што годинава испадна во четвртфиналето од Милан, затоа што мислам дека можеше да стигне барем до финалето. Спомените од Неапол се драгоцени за мене, ги помнам речиси сите натпревари што ги имам одиграно за „наполитанците“, дури и оној со Манчестер Сити“, изјави Пандев.

Се вчитува...