Горан Пандев минатиот викенд го постигна својот прв калчолигашки гол во дресот на Џенова, по што тренерот Јуриќ најави дека Македонецот на наредните натпревари би можел да добие шанса и како стандарден првотимеци. Џенова вечерва му гостува на Јувентус, тим против кого самиот Пандев низ својата кариера има бројни добри настапи и погодоци против најдобриот голман во Италија, Џанлуиџи Буфон.
„Чувството по голот со Удинезе беше прекрасно, се надевам дека наскоро ќе се повтори. Следен ривал ни е Јувентус, актуелниот шампион, но ако добијам шанса повторно ќе сторам се да ја искористам“ – најави Пандев.
Тој во кариерата постигна седум гола против Буфон, но нема да може да ја зголеми оваа бројка откако Масимилијано Алегри реши искусниот голман да не биде во тимот против Џенова. Буфон мечот ќе го следи од трибините, а шанса на голот на Јувентус повторно ќе добие Нето.
Јувентус на шест кола до крајот има предност од осум бода во однос на второпласираната Рома. Џенова моментно се наоѓа на 16. место со 30 бода, девет повеќе од Кротоне во битката за опстанок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА