Горан Пандев беше човекот на одлука на синоќешниот дуел меѓу Џенова и Наполи, на кој македонскиот репрезентативец со два погодоци ги скрши срцата на „наполитанците“.
Нашиот ас не ги прославуваше головите од знак на почит кон поранешниот клуб, чии бои Пандев ги бранеше во периодот од 2011 до 2014 година.
„Секако дека сме пресреќни, одигравме одличен натпревар против одличен ривал. Работиме напорно, победуваме, среќни сме… Зошто не славев? Во Наполи минав три прекрасни години, тоа е мој клуб, не можам да се радувам кога знам дека наполитанците тагуваат“, скромно изјави Гранде Пандев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

