ЕКИПА во Букурешт,
Владимир Булатовиќ, Никола Станикевски, Роберт Спасовски
Горан Пандев одигра уште еден одличен меч, претрча речиси 10 километри против Украина, изнуди пенал, но и тоа не беше доволно за Македонија да стигне до првиот бод на ЕВРО 2020.
„Сигурно дека второто полувреме е добро, но 45 минути не се доволни за да се стигне до позитивен резултат кога играте на едно Европско првенство. Почнавме претпазливо, имавме контранапад и шанса од полуконтра. Недоволиво е да примиш гол од корнер на едно големо натпреварување, потоа ситуацијата стана многу потешка. Жал ми е што го загубивме натпреварот, мислам дека можевме да стигнеме барем до бод“, вели македонскиот капитен.
Според него, неискуството на големите натпреварувања беше пресуден фактор за да не се стигне до позитивен резултат.
„Ова се натпревари кои првпат ги играме во нашите кариери. Вакви мечеви не трпат импровизации, да чекате да примите гол за да почнете да играте како што знаете. Ние треба само да излеземе на терен, да одиграме најдобро што знаеме и да се забавуваме. Луѓето го ценат она што го правиме, еве и денеска по мечот не наградија со аплаузи, што сигурно многу ни значи. Влеговме на полувреме во соблекувална, знаевме дека ние не сме тие вистинските и дека мораме да бидеме многу подобри во продолжението“, истакна Пандев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА