Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, нема да биде присутен на трибините во Рим каде во петок ќе играат Италија и Македонија во рамките од претпоследното коло во квалификациите за пласман на ЕП 2024 година.
Во интервју за „Фудбал Италија“ кажа дека за него ова ќе биде специјален натпревар и не сакаше да дава прогнози за текот на истиот.
„Ќе го гледам мечот на телевизија, нема да одам во Рим. Тоа е специјален натпревар за мене, и не сакам да давам никакви прогнози“, рече Пандев кој запрашан за неговите планови во иднина, одговори
„Во моментов менаџирам клуб во Македонија. Не мислам да станам тренер. Сакам само да уживам со моето семејство, нешто кое не го можев претходно. Можеби ќе учам да бидам директор, но се уште немам чисти идеи што ќе правам понатаму“, кажа Пандев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА