Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев одбил да влезе во игра во 90. минута на денешната средба на Џенова против Болоња, пренесуваат италијанските медиуми.
За Италијанците е сето тоа шокантно, но тренерот на Џенова, Андреа Мандорлини вели дека нема ништо страшно во сето тоа.
„Не е ретка ситуацијата играчи да одбиваат да влезат во игра во 90. минута. И Пандев одби, но тоа не е ништо страшно. Знам дека не е среќен на клупата, сакав да влезе во игра затоа што губевме со 0-1, но откако одби потоа влезе Н’тчам и при вториот свој допир со топката тој постигна гол и ни донесе реми, 1-1“ – истакна по мечот Мандорлини.
За италијанските медиуми сето ова а најава дека до крајот на сезоната нема да има голема минутажа за Пандев во тимот на Џенова. Договорот му истекува во јуни, и потоа со сигурност го напушта клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА