Пандев пак ќе заигра фудбал, заедно со хероите на Интер

Горан Пандев е подготвен повторно да истрча на терен и да го облече дресот на Интер, клубот со кој македонскиот ас го оствари најголемиот успех кревајќи го пехарот во Лигата на Шампионите.

Имено, Пандев ќе биде делод ветераните на Интер кои ќе настапат на ревијалниот дуел против селекцијата на Грузија составена од поранешни фудбалери од оваа држава, меч што ќе биде одигран денеска во Батуми, Грузија.

Голем дел од „хероите на тројната круна“ ќе бидат дел од овој спектакл, па така друштво на Пандев во нападот ќе му прави поранешниот соиграч Диего Милито, а тука ќе бидат и Давид Суазо и Родриго Паласио.

Голмани се Жулио Цезар и Себасстијан Фреј,одбраната ќе ја предводат Хавиер Занети и Марко Матераци, додека во средниот ред најзвучни имиња се Луис Фиго, Весли Снајдер и Естебан Камбијасо.

Се вчитува...