Пандев: Парма е прекрасна фудбалска приказна, затоа избрав да дојдам тука (ВИДЕО)

Најдобриот фудбалер во историјата на Македонија, Горан Пандев во последниот ден од зимскиот преоден рок премина во редовите на Парма. Тој веќе го одигра и првиот натпревар за тимот изминатиот викенд на гостувањето кај Беневенто.

Натпреварот заврши без победник 0-0, а „гранде“ го одигра целото второ полувреме. Тој вели дека ја избра Парма бидејќи е тим со голема историја.

„Парма е тим со голема историја. Амбиентот во градот е прекрасен исто така и стадионот на кој ги играме натпреварите. Поради сето ова избрав да дојдам тука и среќен сум поради тоа“, изјави Пандев.

 

 

Се вчитува...