Капитенот на македонскиот национален тим Горан Пандев ќе добие казна од тренерот Мандорлини за одбивањето да влезе во игра на минатиот натпревар од Серија А против Болоња (1-1). Тој одбил да влезе во игра како резерва во последните моменти од средбата.
Во прв момент Мандорлини изјави дека „не е ништо страшно“ што Пандев направи таков потег, но последните информации од Италија говорат дека новиот стратег на Џенова сепак нема да го има во план Македонецот за следниот натпревар против Емполи на гости. Инаку, Пандев одржа редовен тренинг со соиграчите и нема други проблеми од дисциплинска природа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА