Пандев поднесе оставка на претседателското место во АП Брера

Новиот спортски директор на националните селекции во ФФМ, Горан Пандев поднесе оставка од претседателската функција во АП Брера, по именувањето на новата функција во Фудбалската федерација на Македонија од страна на новиот претседател на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Оставката, сосема очекувано, е како би немало судир на интереси, но, како што информираат од струмичиот прволигаш, поаради неспоивоста на двете функции.

Горан Пандев е основач на ФК Академија Пандев, а со превземањето од Брера Холдинг тој беше поставен на функцијата претседател со цел да се даде нова димензија на функционирање и градење на еден професионален клуб.

„Отсекогаш сум зборувал и залагал за развој на македонскиот фудбал и дека треба сериозно да се посветиме за прогрес на клупскиот и репрезентативен фудбал. Верувам дека новото раководство ќе го даде тој инпут на кој ќе бидеме горди сите ние како нација. Репрезентациите треба да бидат наша светост и треба да ги градиме во конутинитет. Имаме потенцијал само треба професионален пристап“ – истакна Пандев по именувањето на новата функција во ФФМ, и повлекувањето од претседателското место во АП Брера Струмица.

Се вчитува...