По промоцијата за амбасадор на УЕФА Суперкупот „Скопје 2017“, Горан Пандев не ја криеше желбата Македонија да биде домаќин на атрактивни екипи кои ќе играат за трофејот во месец август.
„Јас лично би сакал во Скопје да гледаме натпревар меѓу Манчестер јунајтед, како победник на Лигата на Европа, и некоја од екипите кои сега ја сочинуваат четврфтиналната двојка Барселона – Јувентус“ – вели Пандев, и дополнува:
„Како и да е, знам дека ќе бидеме добри домаќини за секоја екипа која и да дојде. На моите пријатели од Јувентус и нивните навивачи, ако бидат тие победниците во ЛШ ќе им порачам дека Македонија е прекрасна земја во која ги чека топло добредојде“.
А, Манчестер јунајтед во Скопје го посакува и претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.
„Ако мене ме прашувате тогаш посакуваm натпревар меѓу Манчестер јунајтед и Баерн Минхен овде во Скопје“ – рече Ѓорѓиоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА