Горан Пандев предвреме ја заврши оваа натпреварувачка сезона во Серија А по црвениот картон заработен на дуелот меѓу Џенова и Фиорентина.
Македонецот влезе во игра на стартот од второто полувреме при резултат 0-1, учествуваше во пресвртот на својот тим, но потоа во 71. минута непотребно тргна во лизгачки старт со две нозе. Иако се чини дека ја допре и топката, судијата немаше милост и го испрати Пандев кон соблекувалната, а Џенова по неговото исклучување прими уште два гола.
Со оглед на фактот дека до крајот на сезонава има уште две кола, а Пандев за директниот црвен картон ќе добие суспензија подолга од еден натпревар, јасно е дека Македонецот нема да може да му помогне на својот тим во самата завршница од шампионатот во кој сепак е остварена главната цел – опстанок во елитата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА