Пандев повторно стрелаше, но голот поништен поради офсајд (ВИДЕО)

ЕКИПА во Букурешт,

Владимир Булатовиќ, Никола Станикевски, Роберт Спасовски (ФОТО)

Горан Пандев повторно успеа да постигне гол и на вториот натпревар на Европското првенство, но сепак немаше среќа бидејќи поради офсајд тој беше поништен.

Пандев ја затресе мрежата на голманот Бишчан, но сепак беше некој чекор пред последните дефанзивци на Украинците, па главниот судија на мечот Рапалини со право го поништи голот на нашиот капитен.

Македонија има негатива од 0-2 откако Јармоленко и Јаремчук стрелаа во голот на Столе Димитриевски.

Поништениот гол на Пандев можете да го погледнете на следниот линк. 

 

Се вчитува...