Пандев повторно во дресот на Интер на ревијалниот дуел на легендите на клубот

Легендата на македонскиот фудбал Горан Пандев повторно ќе го облече дресот на милански Интер, во ревијалниот натпревар меѓу легендите на Интер и Милан кој ќе се одигра во кинескиот град Нанинг на 5. октомври.

Пандев доби покана да биде дел од легендарните „нераѕури“ заедно со Милито, Адриjано и Вентола, на мечот на кој ќе играат и Снајдер, Матераци, Маикон, Занети…

Пандев е дел од шампионската генерација на Интер која во 2010 година под водство на Жозе Мурињо освои се што можеше да се освои во клупскиот фудбал на италијанската и на европската фудбалска сцена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Inter (@inter)

Се вчитува...