Горан Пандев ќе мора да почека на својот прв меч во 2021 година откако македонскиот ас не успеа навреме да се рехабилитира од повредата заработена неодамна.
Пандев поради тоа го пропушти последниот меч со Лацио, а не успеа да ја добие ниту трката со времето за утрешниот дуел со Сасуоло. Тренерот Балардини вечерва го објави списокот на патници за ова незгодно гостување за Џенова, а на него покрај Пандев го нема ниту дефанзивецот Запата.
Џенова моментно е претпоследна на табелата, но тимот на Пандев освои четири бода во последните две кола под водство на новиот тренер Балардини, со што значително си ги зголеми шансите во трката за опстанок во елитното друштво.
??? L’elenco dei convocati per #SassuoloGenoa. pic.twitter.com/QVwUti95pC
— Genoa CFC (@GenoaCFC) January 5, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

