Пандев: Сакам да играм против Германија пред полни трибини во Скопје

Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби противниците во квалификациите за Светското првенство 2022 година во Катар. Македонија се најде во групата Ј заедно со Германија, Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн.

Капитенот на А-тимот, Горан Пандев се надева дека ќе помине пандемијата од короанвирусот и публиката ќе се врати на трибините, како би можеле на полна арена „Тодор Проески“ да ја пречакаме големата Германија.

„Би сакал да играм со Германија во Скопје пред полни трибини. Оваа генерација пред себе има Европско првенство, но и шанси за добри квалификации и напад на второто место во групата“, изјави Пандев. 

Се вчитува...