Горан Пандев по долга, долга пауза успеа да постигне гол во Серија А, а судбината сакаше Македонецот во дресот на Џенова да стрела прецизно на дуелот против Лацио. Дел од италијанските медиуми беа изненадени од фуриозноста со која Пандев славеше погодок против својот поранешен клуб, но нашиот репрезентативец тој гол му го „посвети“ на првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито.
„Славев за инает на управата за сите проблеми што ми ги направи. Згора на тоа, ги сврте и навивачите против мене, иако секогаш го давав максимумот за Лацио и минав неколку прекрасни години овде. Како и да е, сега сум член на Џенова и фокусирам сум на овој тим да му помогнам да стигне до што подобри резултати. Мило ми е што се вратив во тимот и ја прекинавме серијата порази, уште повеќе за враќањето на Јуриќ на клупата“ – изјави Пандев.
Само за потсетување, Горан Пандев со години важеше за еден од најдобрите фудбалери на Лацио, за потоа да влезе во конфликт со Лотито поради одбивањето на понудените услови за нов договор. Пандев потоа беше изолиран од првиот тим и тренираше со младинците, за на крајот да ја добие правната битка со римскиот клуб, добивајќи раскин на договор на штета на клубот, по што се пресели во редовите на Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА