Горан Пандев и Џенова доживеаја уште еден болен пораз во Серија А оваа сезона. Во градското дерби славеше Сампдорија со 0-2, и тоа веројатно ќе значи и отказ за тренерот на Џенова, Иван Јуриќ.
Сампдорија беше подобар ривал и го отвори резултатот во 24.минута, кога Гастон Рамирез ја надмудри одбраната на Џенова. Горан Пандев влезе во игра во второто полувреме, во 67.минута, внесе живост во нападот на својот тим, но гол за израмнување изостана.
Во финишот, кога Џенова фрли се на една карта, Фабио Кавлјарела го постигна вториот гол за Сампдорија во 84.минута од натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА