Пандев со највисока оценка во тимот на колото во Италија (ФОТО)

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, сосема очекувано, се најде во Тимот на колото во Серија А по двата погодоци за триумф на Џенова од 2-1 против Наполи.

Пандев доби највисока оценка со место во идеалниот тим, заедно и со Ибрахимовиќ, Барела, Кјелини, Милинковиќ, Перин…

Македонскиот репрезентативец се најде и во изборот на „Софаскор“ во најдобриот тим. согласно перформансите за настап. Пандев има оценка од 8.8, која е највисока во идеалниот тим од 21. коло во италијанскиот шампионат.

 

Се вчитува...