Пандев: Цел живот ќе сум му благодарен на Интер, но …

Горан Пандев продолжи со одлични настапи во дресот на Џенова и на синоќешниот дуел со Интер, на кој македонскиот ас се запиша меѓу стрелците и му ја запечати судбината на својот поранешен клуб, за триумф на Џенова од 2-0.

„Јас цел живот ќе му бидам благодарен на Интер, тоа е клубот што ме донесе во Италија и со кој освоив тројна круна. Сепак, ова беше меч на кој Џенова мораше да победи, одигравме извонредно и заслужено стигнавме до бодовите, пред се со извонредниот настап во второто полувреме. Јас искрено се надевам дека Интер ќе се пласира во ЛШ, бидејќи „нероаѕурите“ се голем клуб што го заслужува тоа“ – изјави Пандев по натпреварот.

Тој упати јавни пофалби и на адреса на тренерот Давиде Балардини, кој го воскресна тимот на Џенова по доаѓањето на клупата на овој италијански прволигаш.

„Сите треба да му се заблагодариме на тренерот бидејќи ни помогна да ги свртиме работите во наша полза, бидејќи сите знавме дека можеме многу повеќе од она што го покажувавме. Мене лично ми даде шанса да бидам стандарден првотимец, ми укажа доверба, се останато е резултат на таа доверба што ја чувствувам од тренерот“ – истакна Горан Пандев.

 

Се вчитува...