Пандев: Целта на Брера се шампионската титула и постојан европски излез во иднина

Претседателот на АП Брера, Горан Пандев на свеченоста по повод отворањето на првиот Фан-шоп на клубот во центарот на Струмица, истакна дека Брера сигурно чекори на патот кој е зацртан со новите сопственици, а крајна цел низ следните сезони е шампионската титула и излезе во Европа.

„На организациски план чекориме на вистинскиот пат. Луѓето се амбициозни, и сигурно знаеме дека резултатите на првиот тим се најважни. Со максимално залагање со маскимален пристап со професионален однос ќе ги достигнеме резултатите кои ги посакуваме, а наша цел е освојување на шампионска титула во идните сезони. Тоа не го криеме. Луѓето што го водат клубот од Америка целат на европски успех, бидејки ако не играме во Европа се е залудно. Секако, покрај првиот тим, вложуваме и во младинските погони кои се нашиот најголем бренд и од нив црпиме за првиот тим“ – истакна Пандев.

Во насока, пак, на што поголема промоција на клубот во строгиот центар на Струмица отворена е првата фан-шоп продавница со брендирани производи на клубот.

„Ова сакаме да биде поттик и за сите клубови да имаат свои продавници во кои на навивачите ќе им се овозможи да си купат нешто од клубот. Фудбалот треба да биде вистинско уживање за сите, и во таа насока е и овој новитет кој во Европа е нешто сосема вообичаено“ – вели Пандев.

Се вчитува...