Пандев: Убаво е што создаваме атмосфера за триумф на гости против селекција како Израел

ЕКИПА во Хаифа, ИзраелВладимир Булатовиќ

Најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев како што истакна на прес-конференцијата пред утрешниот дуел со Израел е задоволен што се создаде некако максимално оптимистичко расположение и во јавноста и меѓу репрезентативците дека може да се стигне до триумф на гостувањето во Хаифа. Но, секако нагласува дека не чека тежок меч на кој не треба да му се пристапи несериозно…

„Убаво е навистина што се создаде помалку еуфорична атмосфера во јавноста дека треба да дојдеме до триумф на гостување против една квалитетна селекција како Израел. Тоа е нешто што навистина ни недостасуваше сите овие години, позитивна атмосфера и верба во себе. Но, треба да бидеме свесни дека не чека навистина тежок натпревар. Израел е навистина силен противник кој не може и не смее да се потцени. Но, како што кажа и селекторот, се надевам дека конечно и нас ќе не посака среќата. Во Скопје не реализиравме многу шанси и пенал, па не победивме, се надевам дека сето тоа ќе ни се врати. Но, мора да знаеме дека мора да одиграме максимално концентрирано во текот на сите 90 минути. Во ист ритам цел натпревар за да дојдеме до победа“ – рече македонскиот капитен.

 

Се вчитува...