Горан Пандев е подготвен да ги разреши сите дилеми околу својата иднина и да потпише нов едногодишен договор со Џенова. Македонскиот ас ги мина последните две сезони како член на оваа екипа, но дури пред неколку месеци влезе во посакуваната форма, постигнувајќи низа важни голови за Џенова во битката за опстанок.
Пандев уште пред неколку седмици најави дека приоритет му е останување во Италија, а голема желба да се договори со Џенова за продолжување на соработка, нешто што се оствари во изминатите денови.
Италијанските медиуми јавуваат дека двете страни се договориле Пандев да остане уште една година во овој клуб, а договорот ќе биде потпишан во следните неколку дена. Во ситуација кога Џенова се подготвува за продажба на Аргентинецот Симеоне, за очекување е македонскиот капитен повторно да има позначителна минутажа за да ги покаже своите квалитети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА