Горан Пандев еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња, речиси целата своја кариера ја мина во Италија. Таму ја освои тројната круна со Интер на Мурињо, два пати го освои пехарот во Наполи, а остави голема трага во Лацио и Џенова. Сепак, во емисијата „Моите најдобри 11“ се присети на својот тежок почеток во Италија и на хрватската легенда која таму му помогна.
Во сезоната 2003/04. 20-годишниот Пандев дојде во Анкона, каде ѕвезда беше десет години постариот Рапаиќ. Пандев го стави во идеалниот тим на кариерата, а објасни и зошто:
„Милан Рапаиќ бидејќи додека бев во Анкона многу ми помогна во кариерата. Имав финансиски проблеми бидејќи клубот не ни ги исплаќаше платите и тој ме зема да живеам со него. Бев дете, и не можам да си ја плата киријата. Наш тренер беше Џовани Галоне, а еднаш Рапаиќ му кажа: „Господине, гледате како му оди на малиот, нека игра“. И дојде првиот меч против Болоња. Мики ми пријде и ми рече: Дете денеска играш од прва, не ме разочарувај. Јас тогаш дадов гол на Џанлука Паљука, и не го разочарав“, рече Пандев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

