Македонскиот прволигаш Академија Пандев денеска напладне ги почна подготовките за пролетниот дел од сезоната. Тренерот Панче Стојанов ја изврши прозивката на фудбалерите и ги зададе првите активности за 2018 година. Зацртан е и планот, екипата ќе тренира во својата база до 19 јануари, а потоа се сели во Анталија, каде ќе биде реализирана втората фаза од зимските подготовки до 4.февруари.
Во редовите на „Пандевци“ засега има едно ново име, десниот бек Томислав Илиев кој дојде од Работнички.
Прецизирани се и деталите за зимските подготовки во Анталија. Планот е таму да се одиграат седум натпревари, а пет од нив се веќе закажани. Противници се Младост Лучани од Србија, Енисеј од Русија, Сумгајт од Азербејџан, Приштина од Косово и Ниреѓихаза од Унгарија. Другите два противници дополнително ќе бидат договорени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА