„Пандевци“ го промовираа и четвртото засилување – Игор Паноски (ФОТО)

Игор Паноски е четврто засилување за Академија Пандев за пролетниот дел од сезоната.

21-годишниот централен дефанзивец се приклучи на тренинзите со сениорскиот тим. Паноски, кој потекнува од фудбалската школа на Металург, доаѓа од екипата на Беласица, а во кариерата има настапувано и за екипата на Победа.

„Во наредните денови тимот ќе се засили на уште неколку позиции и полека ќе се комплетира и екипата за пролетната полусезона“ – информираат од Академија Пандев.

Се вчитува...