Академија Пандев и дефинитивно избори опстанок во Првата македонска фудбалска лига, на едно коло до крајот на шампионатот, откако во 32. коло ремизираше (1-1) на гостувањето против Брегалница во Штип, а Скопје загуби со убедливи 4-0 на гостувањето против Тиквеш во Кавадарци.
„Пандевци“ до бодот во Штип дојдоа со голот на Трајков во 67. минута од средбата, откако претходно Дарко Додев во 50. минута донесе водство за Брегалница.
Тиквеш, пак, низ неверојатни десет минути од 65. до 75. минута постигна четири гола за триумф од 4-0 против Скопје, со што тимот од Автокоманда и дефинитивно ќе игра бараж против Вардар за опстанок во прволигашкото друштво.
Шкендија ремизираше (1-1) со новиот шампион Струга ТЛ. Стрелец на единствениот гол за тетовци беше Аденис Шаља во 58. минута, но Шабани беше двоен стрелец за стружани во 79. и во 84. минута за пресврт-победа од 1-2.
Шкупи, пак, со 3-0 ја победи Македонија ЃП за дефинитивно осигурување на вицешампионската титула во првенството. Чаирчани победи со два гола на Сандеј Адетунџи и еден на Али Адем.
Силекс го победи Работнички со 2-0, со два погодоци уште во првото полувреме, Најпрво погоди Марко Ѓорѓиевски во 19. минута а потоа одличен гол во 32. минута постигна Давид Манасиевски за 2-0.
ПМФЛ – 32. КОЛО (прво полувреме)
Тетово: ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ 1-2
Шаља 58′ – Шабани 79′, 84′
Штип: БРЕГАЛНИЦА – АК. ПАНДЕВ 1-1
Додев 50′ – Трајков 67′
Кавадарци: ТИКВЕШ – СКОПЈЕ 4-0
65′, Спахиу 70′, 73′, Мирковиќ 75′
Кратово: СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 2-0
Ѓорѓиевски 19′, Манасиевски 32′
Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-0
Адетунџи 38′, 70′, Адем 45′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

